Еден од двајцата убијци на уметничкиот лизгач од Казахстан, Денис Тен, медалист од Зимските олимписки игри во Сочи, уапсен е денеска.
Еден од двајцата напаѓачи бил уапсен и во присуство на адвокат признал дека го извршил убиството.
Денис Тен бил нападнат од две лица, кои се обидувале да му ги украдат ретровизорите од автомобилот. Кога пружил отпор го избодиле со нож. Веднаш бил пренесен во болница во Алма Ата, но им подлегнал на повредите и починал.
Полицијата трага по вториот напаѓач, а уапсениот Нирали Кијасов, под строго обезбедување, однесен е на местото на злочинот за полесно расветлување.
Со бронзата во Сочи во 2014 година, 25-годишниот Денис Тен стана првиот казахстанец со олимписки медал во овој спорт.