Британец коj учествувал во спасувањето на момчињата од пештерата во Тајланд најави дека ќе поднесе тужба за навреда против милијардерот и технолошки иноватор, Илон Маск.
Вернон Ансворт изјави дека е навреден и многу лут бидејќи милијардерот го нарекол педофил и додаде дека зборовите на Маск се напад кон сите кои учествувале во спасувачката акција.
„Всушност, тој ме нарече педофил. Мислам дека луѓето сега го видоа неговото вистинско лице. Размислувам да поднесам пријава, ова нема да заврши тука“, рече 63-годишниот Ансворт.
Целата драма започна откако Ансворт рече дека подморницата која за спасувачката акција ја подготвуваше шефот на компанијата „Тесла“, е практично бескорисна, одоносно дека не постои начин на кој би можела да се употреби при извлекувањето на децата.
„Тој нема никаква претстава како изгледа внатрешноста на пештерата“, изјави Ансворт тогаш.
После тоа Маск реагираше на Твитер, пишувајќи дека подморницата била тестирана и дека не постојат никакви сомнежи околу нејзината употребливост.
„Жалам, педофилу, си го заслужи ова“, напишал Маск на Твитер, но потоа ја избришал пораката.