Министерот за здравство на Конго, Оли Илунг Каленг соопшти дека ситуацијата со еболата влегла во „нова фаза“.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека е регистриран првиот случај на ебола во градската средина во Конго, каде што досега тој вирус е забележан само во руралната зона, пренесе АФП.
„Новиот случај е потврден во Вангата, една од трите санитарни зони на Мбандака, град со околу 1,2 милиони жители на север во Конго“, соопшти СЗО.
Според официјалните податоци, од новата епидемија на ебола во Конго, починале 23 лица од 42 случаи на потенцијално заразени, пренесе АП.
Ова е деветта епидемија на ебола во Конго од 1976 година.
Еболата или хеморагичната треска е многу заразна и смртоносна вирусна болест.