Свет

Еболата повторно се појави во Конго, 10 луѓе починати

Еболата повторно се појави во Конго, 10 луѓе починати

Министерството за здравство на Конго соопшти дека десет лица загинале од новата епидемија на ебола во источниот дел на земјата.Санитарната служба објави дека се проверува причината за смртта на 27 други лица за кои постои сомнеж дека биле инфицирани со вирусот ебола.

Покрај тоа, здравствените служби се сомневаат дека заразени се уште 54 лица.
Десеттата епидемија на ебола во Конго беше прогласена на 1 август на истокот од земјата, област што е небезбедна поради присуството на разни локални и странски вооружени групи.
Во претходната епидемија во североисточниот дел на Конго загинаа 33 лица. Крајот на епидемијата беше прогласен кон крајот на јули, а една недела подоцна во другиот дел од земјата избувна нова епидемија.