Калифорниската полиција го идентификувала девојчето, чие безживотно тело е пронајдено во патна торба во Лос Анџелес.
Жртвата е Тринити Лав Џоунс, а точната причина за смртта, се уште не е објавена.
Полицијата го пронашла телото на детето во вторникот, веднаш крај будистички храм, во половично затворена патна торба, од која се гледале главата и дел од телото на девојчето.
Истражувачите притвориле две осомничени лица.
Нејзиниот татко, Антонио Џоунс изјавил дека неговата најмлада ќерка била „посебна, полна со живот и радост“.
Со зборови не може да се опише тагата која ја чувствувам. Само сакам одговори. Сакам правда – рекол нејзиниот татко.
#LASD Juvenile Homicide Victim Positively Identified 9yo Trinity Love Jones – https://t.co/47Q5XTaI9o pic.twitter.com/4n9Nfx296m
— LA County Sheriff's (@LASDHQ) March 11, 2019