Руди Џулијани, личниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, објави низа соопштенија на Твитер за своите патувања во Киев, Будимпешта и Виена, а со цел да собере докази за невиноста на претседателот, обвинет за злоупотреба на фунцијата од страна на демократите во Конгресот, кои му подготвија импичмент.
Во сите постови е вклучено и видео снимено од самиот Џулијани или од негови настапи на телевизија за документарниот филм што наскоро треба да се прикаже на ТВ каналот „Уан Америка нетворк“ (ОАН).
Според него, собраните документи докажуваат дека обвинувањата на демократите во Конгресот, кои неделава се подготвуваат да гласаат по два предмета за отповикување на Трамп од функција, се прикритие за огромна корупција помеѓу самите демократи.
– По макотрпна работа од стотина часови и месеци, собрав сведоци и документи кои ја откриваат вистината за импичментот, меѓудругото и за тоа дека Доналд Трамп не вршел незаконски дела, напиша Џулијани.
Budapest | Kiev | Vienna
After hundreds of hours & months of research, I have garnered witnesses & documents which reveal the truth behind this impeachment, which includes NO wrongdoing by @realDonaldTrump.
These threads only touch the surface. Read & watch all. More to come. pic.twitter.com/WDHGEZIxkw
— Rudy Giuliani (@RudyGiuliani) December 15, 2019
Според него, импичментот е прикрите за масивна корупција кај самите демократи.
– Постоечките докази откриваат дека корупцијата во 2016 година била толку голема што претседателот на САД морал да бара спроведување американско-украинска истрага за тоа – додава Џулијани.
Џулијани укажува дека употреба на принуда, мито и перење на пари не биле ограничени само со Џо Бајден, но и дека постоел заговор меѓу Националната демократски комитет и Украина за да се уништи кариерата на Трамп.
Меѓу сведоците интервјуирани од Џулијани биле и поранешниот државен обинител на Украина, Виктор Шокин, кој наводно му кажал на адвокатот дека Бајден, поранешен потпретседател на САД, барал негова оставка за да спречи истрага за активностите на компанијата „Бурисма“ и неговиот син Хантер Бајден.
Според Џулијани, Шокин бил повикан да си даде оставка откако потпретседателот Бајден поставил услов да не се реализира една милијарда долари важна американска помош за Украина. Укажиува на медицински документи кои откриваат дека поранешниот украински обвинител бил отруен два пати и потоа спасен.
– Многу глави ќе паднат во Украина откако сето ова ќе го дознае јавноста. Можете да го ставите под прашање кредибилитетот на сведоците, но не можете да ги ставите под прашање цврсто документираните докази – вели Џулијани.
Според некои набљудувачи и американски експерти, Џулијани се служи со добро разработени теории на заговор кои потекнуваат од кујните на специјалните служби на Москва.
Џулијани најави нови постови на Твитер за доказите собрани во текот на неговото патување во Европа.