Свет 07. јануари 2021. / 17:19

Џорџ Буш: САД вчера личеше на банана држава, а не на демократија

Џорџ Буш: САД вчера личеше на банана држава, а не на демократија

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш издаде изјава за осуда на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата во Капитол Хил, во средата, нарекувајќи го „мачен“ чин кој „го крши срцето“, објавија американските медиуми.

– Вака се оспоруваат изборните резултати во „банана држава“, а не во демократска земја како нашата, посочи Буш.

Буш додаде дека е згрозен од несовесното однесување на некои политички лидери од изборите и недостатокот на почит кон институциите, традициите и спроведувањето на законот, а сето тоа можеше да се види вчера.

Според поранешниот американски претседател, нападот врз Капитол Хил бил инициран од „луѓе чии страсти биле разгорени од невистина и лажни надежи“.

– Бунт може да ѝ нанесе голема штета на нашата нација и углед, рече тој.