Свет 23. ноември 2020. / 23:09

Џонсон: Вакцинацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Џонсон: Вакцинацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Британската Влада нема да ги приморува граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19, изјави денес премиерот Борис Џонсон.

– Нема да има задолжителна вакцинација. Ние не работиеме така во оваа земја, рече британскиот премиер за новинарите.

Тој рекол дека во Владата сметаат дека вакцината е добра идеја дека тој лично ја отфрла секоја антиваксерска пропаганда и смета дека тие луѓе не се во право.

– Сите треба да ја примат вакцината штом ќе стане достапна, дополни британскиот премиер.