Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека доколку неговата Конзервативна партија добие мнозинство на изборите за две недели Велика Британија ќе ја напушти Европската унија најдоцна до 31 јануари.
– Ако успееме да добиеме мнозинство, тогаш најдоцна до 31 јанаури ќе излеземе од ЕУ – изјави Џонсон.
Тој повтори дека не гледа причина зошто Велика Британија да треба да го продолжи преодниот период за Брегзит по 2020 година, пренесуваат британските медиуми.
Прашан дали повеќе сака да остане премиер или Велика Британија да ја напушти ЕУ, Џонсон одговори дека повеќе би сакал да ја изнесе Велика Британија од ЕУ.