Британскиот премиер, Борис Џонсон, синоќа изјави дека постои голема можност Велика Британија да не постигне трговски договор со ЕУ по Брегзит.
Премиерот изјави дека компаниите и јавноста сега треба да се подготват за таков исход, иако неговиот тим ќе продолжи со разговорите со ЕУ.
Тој ја даде неговата изјава по средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која не вроди со плод.