Свет 19. декември 2019. / 15:54

Џонсон: Ова е најрадикалниот говор на кралицата Елизабета Втора

Џонсон: Ова е најрадикалниот говор на кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора денеска ја претстави програмата на новата конзервативна влада по убедливата победа на Борис Џонсон на предвремените избори на 12-ти декември.

Програмата вклучува прифаќање на законодавството за излез на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари.

Со традиционалниот говор кралицата Елизабета ја објави програмата на владата на Борис Џонсон, која содржи повеќе од 20 законски акти. Таа нема да биде облечена церемонијално и постапката ќе биде скратена.

Џонсон вети дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ на крајот на јануари, а потоа ќе се посвети на домашните приоритети, вклучувајќи и издвојување на повеќе пари за здравството, пренесува „Ројтерс“.

Во обраќањето кое претходеше на говорот на кралицата, Џонсон порача дека нема време за губење.

– Со најрадикалниот говор на кралицата на нашата генерација веднаш започнуваме да ги исполнуваме приоритетите на британскиот народ – рече Џонсон.