Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска изјави дека по Брегзит ќе се воспостави трговски договор со Европската унија.
– Договорот е тука, треба да се приведе до крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст за трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери, рече Џонсон.
Британскиот премиер истакна дека договорот е близу.
– Само треба да се фатиме за работа и да го дадеме својот максимум. Вчера зборував со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа целосно се согласува со мене, рече Џонсон.
Според него има голема шанса да постигне договор со Европската унија, така што двете страни би биле задоволни.