Британскиот премиер Борис Џонсон го објави изборниот манифест на својата Конзервативна партија. Џонсон, помеѓу останатото, ветил дека ќе го спречи зголемувањето на даноците и дека конечно ќе го заврши процесот на излегување на Британија од Европската унија.
Во манифестот се наведува и обезбедување на 22 милијарди фунти одвоени за истражување и развој, одбрана од поплави, железница и унапредување на патиштата. Тоа остава речиси 80 милијарди фунти за додатни вложувања.
Според манифестот, ќе биде воведен и данок на дигитални услуги, за да се осигура дека големите мултинационални компании го плаќаат својот фер дел од даноци.