Свет 26. септември 2019. / 10:32

Џонсон и порача на опозицијата: Симнете ме од власт или оставете ме да работам

Џонсон и порача на опозицијата: Симнете ме од власт или оставете ме да работам

Британскиот премиер, Борис Џонсон, во своето обраќање во парламентот, на опозициската Лабуристичка партија ѝ порача да се обидат да го симнат од власт или да се држат понастрана и да ѝ дозволат на владата да го спроведе до крај излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

-Овој парламент мора или да се држи понастрана или да обезбеди изгласување на недоверба и конечно да го дочека денот кога ќе се соочи со гласачите, порача Џонсон.