Свет 01. февруари 2021. / 15:56

Џонсон: Би било ризик предвреме да се ублажат ограничувањата

Џонсон: Би било ризик предвреме да се ублажат ограничувањата

Стапките на зараза во Велика Британија се уште се високи и затоа ограничувањата не можат да се ублажат, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

– Почнуваме да гледаме некои знаци на порамнување, а можеби дури и пад на стапката на инфекција и хоспитализација, рече Џонсон, истакнувајќи дека тие се уште се многу високи.

Тој додаде дека ако се дозволи работите да излезат од контрола, болеста може повторно брзо да се прошири и пред да има доволно вакцини.

– Тоа е ризик, рече британскиот премиер.