Свет 24. септември 2019. / 17:01

Џонсон бара предвремени избори

Џонсон бара предвремени избори

Британскиот премиер Борис Џонсон од Њујорк го повтори апелот во Британија да се одржат општи избори, откако британскиот врховен суд ја прогласи за незаконска одлуката за суспензија на Парламентот.

– Очигледно, треба да се организираат избори, Џереми Корбин кажува сешто, а тој треба да побара избори. – рече Џонсон, обвинувајќи го лидерот на опозициската Лабуристичка партија по средбата со бизнисмените во Њујорк.

Британскиот Врховен суд денеска прогласи дека е незаконски премиерот Џонсон да ја прекине работата на Парламентот, по што опозицијата побара негова оставка.

Водачот на британската опозиција, Џереми Корбин, по судската одлука го повика Џонсон да ја преиспита својата позиција и „да стане премиер со најкраток стаж во британската историја“ и да распише избори.