Свет 06. ноември 2020. / 15:59

Џо Бајден – нов претседател на САД?

Џо Бајден – нов претседател на САД?

Според проценките на тимот на експерти за изборите во САД, Џо Бајден победи во Пенсилванија и 20-те електорски гласови од оваа држава одат на негово конто и тој освои вкупно 273 елеторати од потребните 270 за победа, објавија оттаму на нивниот официјален Твитер профил.

Според нив, по сите анализи, проценки и пребројување на гласовите, нема дилема дека Џо Бајден е избран за 46-ти Претседател на Соединетите Американски Држави.