Свет 02. февруари 2021. / 11:45

Џо Бајден ќе ги вакцинира и нелегалните мигранти!

Џо Бајден ќе ги вакцинира и нелегалните мигранти!

Американската Влада вети пристап до вакцини против коронавирус за мигрантите без документи и другите граѓани и соопшти дека центрите за вакцинација ќе бидат зоните, без имиграциско процесуирање.

– Обезбедувањето вакцини за сите лица кои живеат во САД, кога ги исполнуваат условите според локалните стандарди за дистрибуција, претставува морален императив и императив на јавното здравство, се вели во соопштението на Министерството за национална безбедност.

Како што пренесуваат странските агенции, ова е последно во низата потези со кои претседателот Џо Бајден сака да ја смени острата антиимиграциска стратегија на неговиот претходник Доналд Трамп.