Свет 03. август 2020. / 11:19

Џо Бајден им го честиташе Илинден на македонските Американци

Џо Бајден им го честиташе Илинден на македонските Американци

Поранешниот потпретседател и кандидат за иден претседател на САД, Џо Бајден, им го честиташе Илинден на Американците со македонско потекло.

Бајден, кој со актуелниот претседател Доналд Трамп, ќе се бори на изборите годинава во ноември како кандидат на Демократската партија, во честитката по повод Илинден ја нарече нашата земја „пријател и сојузник“.

Од мое и име на сопругата Џил испраќаме честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година. Овие настани го трасираа патот за една суверена, плуралистичка и  мултиетничка република, длабоко почитуван и ценет член на евроатлантската заедница кој САД со гордост го нарекуваат пријател и сојузник – порача Бајден.

Тој истакна дека македонските Американци го имаат зацврстено и збогатено американското општество уште одамна.

Како пријател на македонските Американци, јас заедно со вас ги славам вашите успеси. Вие сте потсетник дека САД остануваат светилник на надежите, слободите и можностите. Како претседател, со нетрпение очекувам да работам со вашата заедница за да се постигнат целите за уште помирна, просперитетна евроатлантска иднина на целиот регион – порача Бајден во илинденската честитка.