Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговата прва соработничка Камала Харис се избрани за Личност на годината од магазинот „Тајм“.
– Тикетот Бајден-Харис претставува нешто историско, објави „Тајм“ на Твитер.
Во финалниот избор за престижната титула беа и Ентони Фаучи и здравствените работници, движењето за расна правда и Доналд Трамп.
– Џо Бајден и Камала Харис се Личност на годината на ‘Тајм‘ за менувањето на американската приказна, за покажувањето дека силите на емпатијата се поголеми од гневот на поделбата и за споделувањето на визија за заздравување, образложи главниот уредник на „Тајм“, Едвард Фелсентал.
„Тајм“ избира Личност на годината од 1927 година и лани воведе и неколку други категории, како спортист и бизнисмен на годината.
Во продолжение еве како изгледаше ова на магазинот „Тајм“.