Свет 14. февруари 2021. / 17:57

Џо Бајден го повика Конгресот да ја ограничи и забрани продажбата на оружје во САД

Џо Бајден го повика Конгресот да ја ограничи и забрани продажбата на оружје во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, ги повика членовите на Конгресот веднаш да дејствуваат за да се ограничи продажбата и циркулацијата на огнено оружје во САД, три години по масакрот во средното училиште во градот Паркленд во Флорида.

– Оваа администрација нема да чека на следното масовно пукање за да повика на акција, рече американскиот претседател на годишнината од нападот што се случи на 14 февруари 2018 година, во кој беа убиени 17 лица.

Бајден истакна дека мора да се стави крај на неповредливоста на производителите на оружје кои свесно продаваат воено оружје на улиците.

– Денес, го повикувам Конгресот да ги донесе реформите во согласност со здравиот разум во однос на оружјето, рече Бајден, повикувајќи на продажните места конечно да се воведат проверки за да се утврди кои се купувачите на оружје и да се забрани употреба на пушки и шаржери со голем капацитет.

Во 2018 година, на Денот на вљубените, 19-годишниот Николас Круз отвори оган во гимназијата Марџори Стоунман Даглас во југоисточна Флорида, убивајќи 14 средношколци и тројца возрасни пред да биде уапсен.