Свет 17. август 2018. / 12:25

Џенова: Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот, потрагата по исчезнатите во тек (ФОТО)

Џенова: Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот, потрагата по исчезнатите во тек (ФОТО)

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата кои се водат како исчезнати и натаму е во тек.

Потрагата, како што посочуваат тамошните медиуми денеска влезе во нова фаза, откако багерите го отстранија големиот вертикален дел од мостот, отворајќи нова област за пребарување.

Во овие моменти властите велат дека околу дваесетина лица се водат за исчезнати и додаваат дека в сабота ќе се одржи комеморација за жртвите.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, прогласи вонредна состојба во регионот околу Џенова, по рушењето на надвозникот на автопатот „А 10“. Италија е сеуште во шок по катастрофата, а во исто време се продлабочува и конфликтот меѓу италијанската Влада и концесионерот за автопатот, кого службите го обвинија за неправилно одржување на патот и надвозникот, кој се урна во вторникот и во смрт однесе 39 луѓе.

По несреќата дојде и до обвинувања на релација Европска Унија и Италија.