Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис денеска во американскиот Конгрес изјави дека верува оти хемискиот напад во Сирија навистина се случил и ја потврди желбата на Вашингтон инспекторите да соберат докази на терен, предупредувајќи дека тоа со одминување на времето станува се потешко.
– Верувам дека имало хемиски напад и бараме докази, рече Матис на сослушувањето пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом.
Матис рече и дека една од главните работи кои го загрижуваат во врска со каков било воен удар од страна на САД, е спречување на ескалација „која би излегла од контрола“ на војната во Сирија, во која Русија, Иран, Турција и други, заземаа страни.