Џеф Безос, основач и сопственик на компанијата „Амазон“ и ја предводи листата на „Форбс“ за најбогати луѓе на светот, изгуби 6,9 милијарди поради пад на понудите на компанијата, соопшти CNBS.
Вчера „Амазон“ објави извештај за добивката во текот на третото тримесечје, но бројките беа полоши од очекуваното, па акциите на компанијата паднаа за 9%. Безос поседува 57,6 милиони во акции на компанијата.
Ако падот на понудата продолжи, Безос може да му го отстапи местото на Бил Гејтс на листата на најбогати на „Форбс“.
Претходно „Форбс“ го процени богатството на Безос на 114 милијарди долари во споредба со 160 милијарди во претходната година. Загубата му е поврзана со бракоразводната парница со неговата сопруга Мекензи, кој според „Форбс“ е прогласен за „најскап развод во светот“. Неговата сопруга доби една четвртина неговиот дел во „Амазон“.