Свет 22. јуни 2020. / 17:45

Двоцифрен број заразени во Јужна Кореја, властите загрижени од ширење на вториот бран

Двоцифрен број заразени во Јужна Кореја, властите загрижени од ширење на вториот бран

Здравствените власти на Јужна Кореја за првпат објавија дека во земјата се развива вториот бран на епидемијата на корона вирусот.

Бројот на нови случаи во оваа земја е повторно двоцифрен. Корејските центри за контрола и превенција на болести (КЦДЦ ) претходно објавија дека првиот бран на епидемијата на корона вирусот во Јужна Кореја никогаш не завршил.

Директорот на КЦДЦ, Џеонг Еун-кјеонг, изјави дека станало јасно дека празничниот викенд на почетокот на мај означува почеток на нов бран инфекции, кои претежно се појавија во поширокиот дел на Сеул.