Свет 26. септември 2018. / 15:17

Движењето Пет ѕвезди бара “храбар буџет” за Италија

Движењето Пет ѕвезди бара “храбар буџет” за Италија

Шефот на италијанските популисти, вицепремиерот Луиџи Ди Мајо, во средата предупреди дека неговата партија нема да гласа за буџетот за 2019 година ако не е доволно “храбар”.

Ди Мајо, лидер на антистаблишментското движење Пет ѕвезди, кое е во колиција со крајнодесничарска Лига, побара од Министерството за финансии да најде средства за клучните изборни ветувања, првенствено за основниот приход за невработените. Министерството треба да ги претстави своите планови за јавни финансии во 2019 година во четврток.

„Ние му веруваме на министерот за финансии Џовани Триа, но Италијанците знаат дека во министерството има луѓе назначени од претходната влада коиработат против нас”, изјави Ди Мајо за „Радио Капитал“.

Италијанските медиуми објавија дека вицепремиерот се заканил на состанокот доцна во вторникот дека ќе блокира ако не се најда тпари за основниот приход.

„Тоа не е закана”, објасни тој во средата, “но се подразбира дека Движењето Пет ѕвезди ќе гласа за храбар буџет”.

Основниот приход од 780 евра за невработените и оние што живеат со ниски плати доаѓа со огромна цена – 10 милијарди евра според најскромната проценка – и ќе ѝ тежи многу на јавната каса. Лига, од своја страна, сака да воведе рамен данок од 15 до 20 отсто за компаниите и поединците, а се проценува дека тоа ќе ги намали даночните приходи за 80 милијарди евра годишно.

Фискалните правила на ЕУ воведоа праг за соодносот меѓу јавниот дефицит со бруто-домашниот производ (БДП) на 3,0 отсто, но Италија треба да дојде многу под таа бројка за да го намали својот огромен јавен долг кој изнесува 132 отсто од БДП. Претходната влада предвидела сооднос од 0,8 проценти.

Во вторникот, Ди Мајо рече дека ако Париз може да игра брзо и да се изедначи со фискалните правила на ЕУ, тоа би можело да се случи и во Рим: тој укажа на дефицитот во јавниот сектор во Франција, кој се очекува да се зголеми на 2,8 отсто од БДП следната година.

„Зарем Италија не е суверена држава како Франција?”, праша тој.