Двe жени беа убиени, а уште четири повредени во пукање што се случило во петокот во студио во Талахаси, Флорида, објави Си-ен-ен. Според полициските информации, 61-годишната Ненси Ван Весем и 21-годишната Маура Бинкли починале во болница поради прострелни рани од огнено оружје.
Полицијата претпоставува дека 40-годишниот Скот Пол Бирли од Флорида, кој исто така починал, пукал кон студиото за јога. Се претпоставува дека Бирли загинал поради повреди кои самиот си ги нанел со пукање од пиштолот.
Шефот на полицијата, Мајкл де Лео, изјави дека полицијата пристигнала на местото на настанот околу три минути по добиената пријава. Кога пристигнале, полицајците ги пронашле повредените кои веднаш биле пренесени во болница.
Де Лео, исто така, рече дека се претпоставува оти некои од жртвите се обиделе да го спречат Бирли во пукањето. Сепак, мотивите за пукањето и дополнителни детали за инцидентот засега не се познати.