Судот во Австралија одлучува дали да му суди на Македонецот, Борче Ристовски за убиство на неговата сопруга Карен, која што исчезнала во 2016 година. Во исчекување на одлуката која треба да биде соопштена идниот четврток, на сослушувањето во судот е објавена снимка направена од полицијата, на која неговата ќерка Сара изразува сомнеж каде бил нејзиниот татко дента кога исчезнала нејзината мајка. Таа го прашува Ристевски каде заминал дента, на што тој и одговара дека отишол да купи наргиле, но дека не и кажал на полицијата оти не знаел дали е тоа легално.
Разговорот меѓу таткото и ќерката бил снимен со уред за прислушување на 21 декември 2016 година – шест месеци по исчезнувањето на Карен.
Полицијата го обвини Ристовски дека ја убил сопругата во нивниот дом во Авондејл Хајтс во јуни 2016 година, а потоа го фрлил нејзиното тело во грмушка во близина на планината Македон.Но, правниот тим на Ристевски побарал да биде поништено обвинението за убиство.
Но, обвинителот Мет Фишер во своите завршни зборови го откри разговорот во кој Сара Ристевски го прашува својот татко што правел и каде заминал со колата дента кога исчезнала нејзината мајка. Фишер изјави дека постапките на обвинетиот во јуни и јули 2016 година укажале на тоа дека имал „убиствена намера” и дека намерно ја убил сопругата.
Обвинителите смета дека Ристевски ја убил својата сопруга за време на расправија околу финансиите во нивниот дом на 29 јуни 2016 година и го однел своето тело во нејзиниот автомобил до Маунт Регионален парк. Нејзините остатоци биле пронајдени во февруари минатата година, осум месеци по нејзиното исчезнување. Причината за смртта не е утврдена.
Обвинителството тврди дека двата телефони на Ристевски испратиле сигнал до базните станици на автопатот „Колдвел“, дента кога неговата сопруга исчезнала, на подрачјето помеѓу нивниот дом во западен Мелбурн и областа на северен Мелбурн каде што телото било пронајдено подоцна.
Но, адвокатот Дејвид Халоус смета дека постојат недоследности во изјавата на техничарот во телефонската компанија „Оптус“, Олег Припотен, дадени на полицијата. Ито така, телефоните останале без мрежа во повеќе наврати тој ден, односно не можеле да бидат следени во период од 54 минути.
Претходно пред судот сведочеа бројни експерти, детективи, како и ќерката на Ристевски, Сара (22), која истакна оти нејзините родители имале расправии, но дека нејзиниот татко се обидувал да ја смири ситуацијата. Таа порача и дека Борче бил вознемирен во деновите по исчезнувањето на Карен, како и дека нејзината мајка честопати го напуштала домот по караниците.
Судот слушна и како Борче Ристевски имал вечера со неговите родители, дента кога неговата сопруга исчезнала. Тој не им кажал на родителите дека Карен не се вратила од прошетка, а не ја прашал ниту ќерка си дали ја видела нејзината мајка. Полицијата забележала наводни недоследности во неговите изјави по исчезнувањето на сопругата, за која тој тврдеше дека излегла на прошетка по расправијата. Обвинителството посочи дека бутикот за облека на семејството Ристевски имал финансиски проблеми, што би можело да биде поврзано со случајот.
Сведоци на обвинителството кажаа дека возило слично на автомобилот на Ристевски било забележано во правецот на Маунт Маседон, на снимките на безбедносните камери, дента на исчезнувањето на Карен.