Свет 22. октомври 2019. / 19:33

Двајца загинати при силно невреме во северна Италија, стотина евакуирани

Двајца загинати при силно невреме во северна Италија, стотина евакуирани

Силно невреме го погоди северниот дел на Италија, при што загинале најмалку две лица, соопшти противпожарната служба.

Во невремето настрадал возач на такси додека преминувал преку мост во градот Капријата д’Орба.

Пожарникарите соопштија дека околу 100 лица се евакуирани од подрачјето Лигурија. Исто така, имало околу 900 повици меѓу Џенова и Милано, каде патиштата и пругите беа поплавени, а сообраќајот отежнат.