Свет 27. февруари 2021. / 21:22

Двајца мажи се удавија во замрзнато езеро во Шведска, а еден ден претходно – четворица

Двајца мажи се удавија во замрзнато езеро во Шведска, а еден ден претходно – четворица

Еден ден откако четири лица се удавија во замрзнато езеро во Шведска, исто настрадаа уште двајца мажи.

Властите примиле повик за помош за две лица кои биле на мразот и дека веројатно пропаднале во него. Се претпоставува дека се работи за несреќа, а не за злосторство.

Двајца мажи пак, во петокот ловеле риби и не се вратиле дома.

ИМале 75 и 80 години, а извлечени се мртви од езерото Ингарена во општината Катринхолм, околу 120 км југозападно од Стокхолм, рече шведската полиција во саботата наутро.

Во четвртокот вечерта, четворица мажи на возраст од 65 до 75 години пронајдени се мртви во дупка во мразот на езерото во близина на Савсјо, на околу 200 км од Гетеборг. Околностите за смртта се уште не се познати.

Според шведските медиуми, најмалку двајца кои смртно настрадале биле риболовци. Се претпоставува дека другите двајца се обиделе да ги извлечат.