Свет 20. март 2020. / 12:47

Двајца Албанци влетале со возило на аеродромскиот терминал во Барселона

Двајца Албанци влетале со возило на аеродромскиот терминал во Барселона

Две лица се уапсени откако изутринава намерно влетале со автомобил во внатрешноста на терминалот 1 на аеродромот во Барселона, соопшти преку Твитер каталонската полиција. Во инцидентот нема повредени.

Началникот на регионалната полиција, Едуард Салент, на прес-конференција изјави дека двајцата извикувале исламистички пароли, додавајќи дека иследниците не исклучуваат никакви теории за мотивите на возачот.

Полициската специјална единица „Тедакс“ потврди дека немало експлозив во автомобилот.

Салент соопшти дека и двете лица биле Албанци, пренесуваат локалните медиуми.