Свет 05. април 2020. / 12:15

Два нови смртни случаи во Унгарија, бројот на заразени се искачи на 733 случаи

Два нови смртни случаи во Унгарија, бројот на заразени се искачи на 733 случаи

Бројот на потврдени случаи на заразени со вирусот Ковид-19 во Унгарија се искачил на 733.

Како што објавија на официјалниот сајт koronavirus.gov.hu, во изминатите 24 часда се потврдени уште два смртни случаи.

Со тоиа, досега вкупно починале 34, а 66 луѓе оздравеле.

Во карантин се 13.435 лица, а досега се тестирани 21.250 луѓе.