Два авиона на американската морнарица се срушија во море недалеку од јапонскиот брег, пренесоа светските медиуми.
Пронајдени се две лица, а пет се водат како исчезнати.
Во соопштението на воените претставници наведено е дека се срушиле авионите од типот KC-130 и борбеното летало F/A-18.
– Инцидентот се случил кога авионите полетале од базата Ивакуни во Јапнија, за да ги извршат однапред закажаните вежби. – се наведува во соопштението.
Авионот-цистерна и авионот ловец на американските Маринци се срушиле во близина на брегот на Јапонија, пронајдени се две лица, а пет се водат како исчезнати.
Во соопштението на Маринците се наведува дека авионите паднале на околу 320 километри од брегот на Јапонија, а јапонските официјални лица изјавиле дека инцидентот се случил на околу 100 километри од јапонскиот брег, каде двата пилота се пронајдени.
The incident involved an F/A-18 Hornet fighter jet made by McDonnell Douglass, and a KC-130, a refuelling plane with propellers made by Lockheed Martin. pic.twitter.com/edbcWTO5tA
— Alden in CA (@AldeninCA) December 5, 2018
Јапонските спасувачи пронашле еден од пилотите од авионот „F-18” и тој е во стабилна состојба. Информации за второто лице кое е пронајдено засега нема.
Причината за падот на двата авиони засега е непозната и започната е истрага. Потрагата по останатите пилоти и членови на екипажот се уште трае.