Повеќе од 27 милиони луѓе во и околу главниот град на Филипините, Манила повторно се ставени во карантин по воведувањето нови рестриктивни мерки поради корона вирусот во земјата.
Мерките стапија во сила откако бројот на заразени лица надмина 100.000, а медицинските здруженија го повикаа претседателот Родриго Дутерте да преземе нешто во врска со тоа.
Нашите здравствени работници не треба да го сносат товарот да одлучат кој ќе живее и кој ќе умре – велат лекарите во отвореното писмо, предупредувајќи дека здравствениот систем е преоптоварен.
Две големи државни болници во Манила се привремено затворени поради инфекција кај здравствените работници, додека некои приватни болници ги одбиваат пациентите поради недостаток на простор, пренесува.
Во последниве денови, епидемијата на коронавирус на Филипините се шири брзо и веќе се регистрирани 106.330 случаи. Починаа над 2.000 луѓе.