Претседателот на Филипини Родриго Дутерте упати критики кон римокатоличките бискупи, велејќи дека сите треба да бидат убиени бидејќи се бескорисни.
Дутерте повеќе пати ја критикуваше католичката црква и нејзините лидери во Филипините, но тврди дека тој верува во Бога, но дека бискупите се будали.
– Не би успеал во животот… без Бога. – рече Дутерте и додаде:
– Но вашите бискупи, убијте ги. Бескорисни се, тие се будали. Знаат само да критикуваат. – пренесе Си-ен-ен Филипини.
73-годишниот претседател на Филипините рече дека неговиот Бог „има здрав разум“ за разлика на „глупавиот“ Бог на католичките бискупи.
– Никогаш не реков дека не верувам во Бога. – објасни Дутерте на церемонијата посветена на градовите и заедниците посветени на децата.
– Претседателството е подарок од Бога. Сигурен сум дека Бог нема да ми го дал да сум бескорисен. – рече тој.
Филипините, со мнозинство католичка земја во Азија каде 80 отсто од населението се изјаснуваат за практични верници.
Дутерте постојано ги обвинува бискупите и свештениците за корупција и сексуално злоставување и потврди дека и тој самиот бил жртва како ученик во Давау.