Свет 14. мај 2020. / 12:42

Дури 30% од оздравените од коронавирусот ќе имаат хронични последици

Дури 30% од оздравените од коронавирусот ќе имаат хронични последици

ЕВРОПАИталијанските лекари предупредуваат дека 30 проценти од оздравените од коронавирус ќе имаат хронични последициОбјавено пред 1 минута – 14 мај, 2020Од Макфакс

На десеттиот ден откако ги попуштија карантинските мерки во Италија, бројот на загинати од „Ковид-19“ е сè уште голем, 195 лица починаа во последните 24 часа, 888 се новозаболени, а во одделите за интензивна нега сè уште има 900 пациенти.

Лекарите кои ги лекуваат предупредуваат дека по оздравувањето, пациентите минуваат низ долг период на рехабилитација и дека околу 30 проценти остануваат хронично болни до крајот на животот.

Дури две недели по ублажувањето на карантинскиот режим, владиниот научен и технички комитет ќе може точно да утврди дали епидемијата е сè уште под контрола со ублажувањето на забраната.