Свет 24. октомври 2019. / 14:31

Дубаи ќе дозволи полесно купување алкохол за туристите

Дубаи ќе дозволи полесно купување алкохол за туристите

Властите во Дубаи донесоа одлука да го олеснат законот за продажба на алкохол на туристите во продавниците под државна контрола.

Одлуката е донесена затоа што првпат по десет години, Обединетите Арапски Емирати бележат значителен пад на продажбата на алкохол, како и послаби економски показатели.

– Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со тешки предизвици, бидејќи промените во однесувањето на купувачите, како и демографијата почнуваат да даваат ефекти – наведува фирмата за истражување на пазарот „Еуромонитор Интернешнел“ во најновиот извештај.

Според Светската здравствена организација, Обединетите Арапски Емирати доминираат во однос на други земји каде што е забранет алкохолот кога станува збор за конзумирање пијалок.