Свет 07. јануари 2020. / 10:30

Државниот секретар за одбрана тврди дека САД не се повлекуваат од Ирак

Државниот секретар за одбрана тврди дека САД не се повлекуваат од Ирак

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер порача дека САД немаат донесено одлука за повлекување на трупите од Ирак. Еспер појасни дека ќе има извесно престројување на американските сили, но и дека САД останале посветени на мисијата за пораз на Ислмска Држава во Ирак и во целиот регион.

Американски медиуми јавија дека американската војска со писмо ги известила ирачките власти дека ќе се повлече од земјата во следните неколку недели и ќе ги прераспореди своите сили.

Нејасно е дали сите трупи, со околу 50.000 војници во Ирак, би ја напуштиле земјата.

Во писмото објавено од медиумите се вели: „Почитувани, почитувајќи го суверенитетот на Република Ирак и по барање на ирачкиот Парламент и премиерот, коалиционите сили ќе ги прераспоредат силите во следните денови и недели за да се подготват за понатамошно движење“.

Писмото е потпишано од командантот на американските поморски сили генерал Вилијам Х. СилиI, командант на коалициските сили во Ирак.

Автентичноста на писмото, што беше испратено до ирачкото Министерство за одбрана, беше потврдено и од ирачки воени извори.