Во јавноста „испливале“ необични детали за состанокот на државниот секретар на САД Мајкл Помпе и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун во Пјонгјанг на 9. мај. Помеѓу се останато, според податоците на извори од СИ, Помпео отворено се пошегувал на тема ликвидација на домаќинот.
Да потсетиме, Мајкл Помпео во 2017 година зборувајќи за можните промени на режимот во Северна Кореја, наговестил дека голем број луѓе сааат Ким Џонг-ун да замине. За време на состанокот пред еден месец лидерот на Северна Кореја го потсетил американскиот државник на неговите зборови. Меѓутоа, Помпео, според зборовите на извори, воопшто не се намрштил.
„Тој се пошегува, велејќи дека и понатаму се обидува да го убие Ким Џонг-ун и обајцата се насмејаа“, пишува еден американски весник.
Да потсетиме, во Сингапур на 12 јуни е одржан историски состанок меѓу претседателите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун. Трам средбата ја оценил као „многу, многу продуктивна“.