Свет 22. август 2019. / 21:48

Државјанин на БиХ осуден на 20 години затвор во Аврстрија, се обидел да запали брачен пар

Државјанин на БиХ осуден на 20 години затвор во Аврстрија, се обидел да запали брачен пар

Државјанин на Босна и Херцеговина (55) денеска во австрискиот град Лебен беше осуден на 20 години затвор поради обид за убиство на брачна двојка во пролетта годинава.

Осудениот работел на имотот на брачната двојка.

Toj во гратчето Муртал во Австрија најпрво ја полил со бензин жената и ја запалил. Жената претрпела тешки изгореници, а во пожарот бил повреден и нејзиниот сопруг.

Според австриските медиуми, во текот на судскиот процес обвинетиот не сакал да го признае делото.

Тој изјавил дека се грижел за парот 20 години и дека, како што рекол, жената ветила дека приватно ќе го осигура, но не го сторила тоа.

Обвинителството сепак беше во можност да докаже дека обвинетиот се обидел да го убие брачниот пар и дека сè имал внимателно испланирано.