Свет 29. мај 2018. / 10:05

Дрво уби новинар и снимател кои известуваа за невреме

Дрво уби новинар и снимател кои известуваа за невреме

Тие вчера се возеле со своето теренско возило по автопат во близина на местото Трајонкога големо дрво паднало врз возилото и гу убило новинарите на самото место.

Новинарот Мајк Макормик и снимателот Аром Смелцер работеле за телевизија со седиште во Гринвил, во Јужна Каролина.

Непосредно пред несреќата интервјуирале шеф на пожарникарите, на кого му порачале да внимава поради невремето, а и тој им го посакал истото.

Десет минути подоцна пожарникарите добиле повик за несреќа, а тоа биле двајцата новнари кои настрадале.