Свет 12. ноември 2020. / 20:16

Драматично во Франција: Нов пациент на секои 30 секунди, на интензивна на секои три минути

Драматично во Франција: Нов пациент на секои 30 секунди, на интензивна на секои три минути

Бројот на лица кои се згрижени во болници во Франција поради Ковид-19 сега е поголем од претходните пикови во април.

Тоа го изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.

Во моментот имаме повеќе од 32.000 пациенти заразени со Ковид-19 во болниците, изјави тој на брифинг со новинарите.

Кастекс додаде дека нов случај со Ковид се прима во болница на секои 30 секунди и по еден на интензивна нега на секои три минути. (МИА)