Минувачи во американскиот град Рокфорд, успеале во последен момент да го извлечат 70-годишниот возач од потопен автомобил. Тој поради невремето бил заробен во возилото.
Незапаметени дождови со голема брзина ги потопиле улиците во Рокфорд, така што возачите не успеале да се извлечат од улиците или барем да ги паркираат автомобилите. За среќа нема пријава за повредени или исчезнати.
Меѓутоа, сепак еден возач бил заробен среде пат во своето возило, а овие момчиња тоа го забележале.
Храбро скокнале врз возилото, ги скршиле прозорите и почнале да го извлекуваат дедото од потопениот автомобил.
За среќа, сѐ добро се завршило.