Објавена била драматична снимка од спасување на бебе од урнатините во зграда во Магнитогорск, која се урнала во текот на новогодишната ноќ. Малиот Иван Фокин бил пронајден жив во урнатините, речиси 36 часа по рушењето на зградата.
Спасувачите го извлекле детето по речиси 35 часа од рушењето на повеќекатницата во која загинале 14 лица, додека десетина се водат како исчезнати. Детето било во свесна состојба, но тешко повредено, а било спасено бидејќи пожарникарите го слушнале плачот.
Иако е детето во критична состојба, лекарите се оптимисти. На детето му е повредена главата и е премрзнато. Кога извлекле не било целосно облечено, а температурата во овој руски град изнесувала минус 17 степени.
Руските власти соопштиле дека мајката на детето ја преживеала несреќата и веднаш била однесена во болница кај својот син. На официјалниот профил на Телеграм, гувернерот на Чељабинската област, Борис Дубровски, било наведено дека спасувачите за време на минутата молчење за жртвите слушнале детски плач.
-Детето се спасило поради тоа што било во креветче и замотано во ќебе, додал Дубровски.
Руските безбедносни служби потврдиле дека причина за несреќата било течење на гас, а истрагата е во тек. Во зградата се уништени или оштетени 48 станови. Експертите предупредуваат дека и други два дела од истата зграда би можеле да се урнат.
Таткото на Иван бил на работа кога сопругата му се јавила и му соопштила дека зградата се урнала.