Свет 10. јули 2019. / 20:59

Драма во Виена: Девојка предизвика општ хаос

Драма во Виена: Девојка предизвика општ хаос

Вистинска драма предизвикала една Србинка (21) во Виена, во општиот хаос тројца полицајци биле повредени, три лица уапсени и биле уништени полицајски автомобил и мотори, пренесуваат српски медиуми.

Полицајците дошле по пријава дека девојката урла и тепа машко лице на улица, а кога се обиделе да и стават лисици, од кафуле во близина истрчале повеќе од дваесет момчиња и барале од полицајците да ја остават девојката на мира.

Таа ја пцуела полицијата и бегала, а кога еден полицаец се обидел да и стави лисици на нозете, девојката го удрила неколку пати во главата.

Полицајците повикале уште 14 колеги на помош, а 25-годишник за кој се верува дека е од Србија, заедно со 28-годишник од Австрија се обиделе физички да ги нападнат.

Двајцата биле веднаш уапсени, а вториот на пат кон станица беснеел и ја уништил внатрешноста во автомобилот, па дури и ја скршил вратата. Поради тоа морало да дојде ново возило.

Кај него бил пронајден и бел прав, се претпоставува дека е кокаин, па тој ќе добие и пријава за недозволено поседување на дрога.