Спасувачки хеликоптер на јапонскиот префект Гунма, со девет лица, изгуби контакт со контролата за летање и се претпоставува дека се срушил или принудно слетал, соопшти денеска полицијата.
Меѓу лицата во хеликоптерот биле и високи функционери од Управата за катастрофи и пет пожарникари кои требало да направат проценка на трасата на патот на границата меѓу префектите Гунма и Нагано, кои треба да биде отворен во недела.
Хеликоптерот, Бел 412 ЕП, го напушти хелиодромот во Маебаши околу 9:15 по локално време и требало да се врати во 10:45.