Свет 18. јули 2019. / 16:04

Драма во британски авион: Девојка казнета со 94 илјади евра

Драма во британски авион: Девојка казнета со 94 илјади евра

Британска авиокомпанија „Џет 2“ ѝ наплатила на патничка 85.000 фунти (околу 94.000 евра) надомест и трајно ѝ забраниле пристап до нејзините авиони поради нејзиното агресивно однесување во авионот поради што леталото морало да биде пренасочено во придружба на воен авион, објави Си-ен-ен.

Компанијата ја обвинила Клое Хејнс за низа агресивни, навредливи и опасни постапки, вклучително и за обид да ја отвори вратата на авионот за време на летот од Лондон до Даламан. Екипажот за тоа време морал со помош на другите патници да ја спречат Хејнс, а авионот на крајот, поради тој инцидент, бил пренасочен назад во Лондон во придружба на авион на британските Кралски воздушни сили.

Портпаролката на полицијата во Есекс изјавила дека Клое Хејнс (25) е уапсена поради сомневање за два напада и загрозување на авионот.