Свет 07. February 2019. / 13:53

Драма на небото: Закана од бомба принудно слета норвешки авион

Драма на небото: Закана од бомба принудно слета норвешки авион

Авион на „Норвиџан ер“ со 169 патници, утринава принудно слета на шведскиот аеродром Арланда во близина на Стокхолм откако добил дојава за поставена бомба.

Боинг 737-800 на норвешката авиоконпанија полетал од Арланда за францускиот град Ница, но 25 минути подоцна се вратил на аеродромот, каде веќе биле распоредени полицајци и спасувачки екипи.

Се уште нема информации дали заканата за поставена бомба била лажна или веродостојна.

Во авионот се наоѓал пливачки тим на шведскиот Симланд.