Авион на „Норвиџан ер“ со 169 патници, утринава принудно слета на шведскиот аеродром Арланда во близина на Стокхолм откако добил дојава за поставена бомба.
Боинг 737-800 на норвешката авиоконпанија полетал од Арланда за францускиот град Ница, но 25 минути подоцна се вратил на аеродромот, каде веќе биле распоредени полицајци и спасувачки екипи.
Се уште нема информации дали заканата за поставена бомба била лажна или веродостојна.
Во авионот се наоѓал пливачки тим на шведскиот Симланд.