Свет

Драма на аеродром: Го украл авионот од пистата, го полетал и го срушил

Вработен во меѓународниот аеродром во Сиетл украл авион од пистата и без овластување полетал, а брзо по полетувањето леталото се срушило, соопштија денеска од меѓународниот аеродром „Сиетл-Такома“.

Никој од патниците не бил во авионот за време на инцидентот.

Авионската компанија „Аљаска Ерлајнс“ соопшти дека е известена за неовластеното полетување на авионот „Ку-400“ на нивната сестринска компанија „Хорајзон Ер“.

Поради инцидентот полетаа два воени авиони „Ф-15“. Не е познато дали „пилотот“ го преживеа падот.

Во едно од аудио-снимките, вработениот изразува загриженост за количината на преостанатото гориво, а во друго укажува дека мисли дека може да го слета авионот врз основа на знаење стекнато од видео игрите.